инистерот за економија Крешник Бектеши денеска во Анкара, оствари средба со Рухсар Пекчан, министерката за трговија на Република Турција.

Главна тема на средбата помеѓу двајцата министри беше заедничката определба и Mинтересот од потребата за ревидирање, односно модернизирање и надградба на билатералниот Договор за слободна трговија меѓу двете земји кој е во примена веќе 20 години.

Двајцата министери на средбата истакнаа дека економските односи помеѓу Северна Македонија и Турција  се карактеризираат со мошне силен интензитет на соработка и размена на искуства во повеќе трговски и инвестициски сектори. Влезот на турските инвестиции од самото осамостојување до денеска е огромен показател за Турција да биде стабилен економски партнер во соработката со нашата држава.

Бектеши и Пекчан заеднички се согласија ревидирањето на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји да се одвива во три правци заради транспаретност на процедурите на одредени сектори за кои постои интерес, а се двигател на економската интеграција.

Министерот Бектеши на средбата истакна дека најновите состојби од ДАВОС Агендата, Регионалната ПЕМ конвенцијата и СТО препораките до земјите е да бидат отворени и инклузивни, да бидат посветени на институционална отвореност на правилата, регулативата, управување и стандарди, за практикување на мултилатерализам и градење на отворена светска економија, што е основа за градење на преференцијална трговија.

Бектеши потенцираше дека експертите веќе започнаа со работа за одредена либерализација на земјоделско-прехранбениот сектор кој реално ќе ја поддржат конкурентноста на пазари, усогласување на тарифните производи со најновиот хармонизиран систем во примена во двете земји,  одредена реципрочна либерализација во трговијата со услуги и регулирање на новите правилата за потекло.

„Резултатите од работата на експертите, ние двајцата министри ќе ја верификуваме во рамки на Мешовитиот Комитет кој е задолжен да се грижи за непречена имплементација на Договорот за слободна трговија“, кажа министерот на средбата со министерката Пекчан.

Според статистичките податоци, Република Турција во последните три години е рангирана на 8-то место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена.

За 11 месеци во 2020 година, вкупната билатерална трговска размена е 477,3 милиони долари, од кои извозот од Северна Македонија е 85 милиони долари, а увозот од Турција е 392,3 милиони долари.

Министерот на средбата исто така информираше дека во однос на инвестициите, Турција е една од земјите која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори и се јавува како стратешки инвестицики партнер на нашата земја.

„Инвестицискиот потенцијал на Турција ја дефинираат како една од целните земји од која е можеме да очекуваме инвестиции  во делот на производство на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, потоа бизнис-услуги и аутсорсинг,  фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура“ заклучи министерот Бектеши на средбата во рамки на дводневната официјална посета на Република Турција.