Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи, информираше владината прес-служба.
Според Владата, со тоа се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15, кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.
„Во истата насока на олеснување на работата на компаниите во услови на КОВИД-19, со предложените измени и дополнувања се предлага како признаен расход да се признаваат и платените лабораториски тестови за КОВИД-19 што ги прават компаниите за своите вработени“, се наведува во владиното соопштение.