Енергијата има највисок пораст на годишно ниво од 38,3%.
Годишната потрошувачка инфлација во еврозоната скокна на ново рекордно високо ниво од 9,1% во август, доближувајќи се до двоцифрена територија, покажуваат најновите податоци од Еуростат.
Инфлацијата во август е зголемена во споредба со инфлацијата во јули кога изнесуваше 8,9%.
Поттикнати од скапиот гас и разорната суша, потрошувачките цени скокнаа повеќе од очекуваното во август, а понатамошни покачувања се веќе на повидок, што укажува на поголем ценовен товар за домаќинствата и бизнисите.
Енергијата се очекува да има највисок пораст на годишно ниво од 38,3% во август во споредба со 39,6% во јули, се вели во соопштението.
По неа следат храна, алкохол и тутун (10,6% во август, од 9,8% во јули), неенергетски индустриски производи (5,0% во август, 4,5% во јули) и услуги (3,8% во август, споредено со 3,7% во јули).
Во меѓувреме, базичната инфлација, која ги исклучува енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се зголеми на 4,3% во август, додека пред еден месец беше 4%.
На месечна основа, индексот на потрошувачките цени во еврозоната порасна за 0,5% во август по 0,1% раст во јули.
Високите цени пропратени со нискиот раст, уште наречена стагфлација, ѝ остава на Европската централна банка (ЕЦБ) само болни избори меѓу кои и зголемување на каматните стапки, што ќе ги зголеми трошоците за позајмување за владите, фирмите и домаќинствата.
ЕЦБ има закажано средба следната недела за кога се очекува каматните стапки да се зголемат за најмалку 75 процентни поени.