Делумното затворење кое стартува денеска во Германија значително ќе го забави зголемувањето на економското производство во четвртиот квартал на 2020 година, според првичните пресметки на институтот Ifo.
„Одлучените мерки од страна на германските власти ќе стават крај на силното закрепнување од летото“, вели Тимо Волмерхаузер од гермскиот институт Ifo.
“Вкупната приватна потрошувачка веројатно нема да порасне во остатокот од годината”, проценуваат од Ifo.
Според пресметките на институтот Ifo, “заклучувањето” најверојатно ќе резултира со загуба на вкупното економско производство од нешто повеќе од 10 милијарди евра. Ова се заснова на следниве претпоставки: продажбата во угостителската индустрија ќе падне од 75 %проценти од нормалното ниво постигнато во текот на летото, на околу 20%. Продажбата за останатите даватели на услуги се очекува да се намали од проценетите 30% на само 10%. Ова ги вклучува рекреативни и културни услуги, пакети за годишни одмори и услуги за лична нега, во кои летото донесе бавно закрепнување.
Истражувачите на Ifo претпоставуваат дека продажбата веќе паднала во октомври. Ова е затоа што приватните домаќинства можеби го смениле своето однесување едноставно поради зголемениот број на нови инфекции со коронавируси.
За декември се претпоставува бавно закрепнување.
Пресметките не ги земаат во предвид индиректните ефекти што мерките наметнати во други земји би ги имале врз германската економија.