Дизелот и Еуросупер 98 поскапуваат за 1 денар, Еуросупер 95 за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажниоте цени на нафтените деривати во просек за 1,53%  во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно
Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 63,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 61,5 денари за литар, а цената на Еуродизел ќе изнесува 53,5 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден за литар и ќе изнесува 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 денри за килограм и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 денари за килограм.

“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 3,81% или за 14,450 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 3,84% или за 13,750 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 3,33 % или за 11,650 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 4,37 % или за околу 11,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,6300 ден/$ и е за околу 0,507 % понизок од курсот на доларот (54,9081 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, се вели во Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.