Горан Сугарески е назначен за нов директор на Царинската управа. На денешната седница Владата од директорската функција на Царина го разреши Ѓоко Танасоски, а на негово место го назначу Сугарески, кој во претходниот владин состав беше министер за транспорт и врски.
На денешната владина седница, Кети Василеска е именувана за вршител на должностa директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.
Владата на седницата го именуваше Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја, за член на Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.