Железничкиот товарен транспорт меѓу Кина и Европа продолжува да руши рекорди, во август зголемен за 62%

Железничкиот товарен транспорт меѓу Кина и Европа достигна уште еден рекорд во текот на август.  Податоците од кинеската државна железничка групација покажуваат дека бројот на месечни товарни патувања меѓу Кина и Европа достигнал рекордни 1.247 во август, што е пораст за 62% во споредба со истоот месец минатата 2019 година.
Август е шести последователен месец во кој сообраќајот со товарни возови помеѓу Кина-Европа бележи двоцифрен процентен раст.
Во последните неколку месеци забележителен е трендот на раст на железничкиот транспорт за сметка на намалената употреба на поморскиот и воздушнниот товарен транспорт.

Како пример за се поголемото вртење кон железнички транспорт се наведува и возот China-Europe Railway Express, преку која само минатата недела се превезени стоки во вредност од скоро 5 милиони долари меѓу Чонгкинг и Будимпешта. Ова е првата линија што исклучиво е посветена на транспорт на предмети купени од европски бизниси преку Интернет.

Побрз од океанскиот транспорт, поевтин од авионскиот

Опцијата за железнички товарен транспорт е особено барана за стоки што треба да се транспортираат побрзо заради тоа што побрза опција во споредба со прекуокеански транспорт, а поевтина отколку авионскиот товарен транспорт.

Прогозите се дека железничкиот товарен транспорт Кина-Европа има голем потенцијал за развој и ќе има клучна улога во заживување на глобалната трговија и деловните врски како побезбедна и зелена форма на логистика.

Пред нешто повеќе од две недели, Кинеската железница соопшти дека ќе го забрза развојот на брзи товарни мрежа за поддршка на е-трговијата.