Од денеска во Русија стапи на сила привремена забрана за увоз на бензин, дизел, керозин, бродско гориво и плин. Целта како што соопштуваат надлежните во земјата е на тој начин да се даде поддршка на домашната нафтена индустрија.
Забраната за увоз се воведува како присилна антикризна мерка за да се поддржи домашната преработка на нафта и одржување на вработеноста.
Ова, пак, е поврзано со фактот дека многу руски купувачи на белоруски горива, земајќи ги предвид трошоците за транспорт, плаќале 500 рубли помалку за тон отколку кога би го купиле на домашниот пазар, каде што понудата се намалена.
Рускиот министер за енергетија Александар Новак изјави дека забраната за увоз на евтин бензин во Русија е предложена како анти кризна привремена мерка. Според него, многу земји прибегнуваат кон оваа не во целост пазарна мерка, но потребна мерка за да се поддржи домашната индустрија за преработка на нафта и вработеноста во земјата.