(Видеографик) Зошто Германија е најсилна европска економија?

Пандемијата со Ковид 19 силно ги погоди европските извозници.
Заклучно со ноември 2020 година земјите членки на ЕУ оствариле вкупен извоз од 1.941 милијарди евра, што во споредба со единаесетте месеци од 2019 година е намалување за 10,2%.

Најголем извозник во ЕУ минатата година била Германија со извоз од 1.106 милијарди евра, што е повеќе од половина од вкупниот извоз на ЕУ. Односно, Германија самата извезува повеќе отколку што извезуваат сите останати 27 земји членки на ЕУ.

Иако извозот на Германија минатата година беше силно погоден од пандемијата со Ковид 19 и забележа пад од 10%, Германија веќе три децении е на врвот на европските извозници. На светско ниво, Германија е трет најголем извозник, после Кина и САД.

Германија е најголем трговски партнер на Македонија, земјите од Западен Балкан и повеќето источно-европски држави. Македонската економија е меѓу ретките кои има суфицит во трговијата со Германија, односно повеќе извезува, отколку што увезува. Тоа пред се се должи на големиот извоз на делови произведени од компаниите кои работат во зоните, а кои потоа се вклопуваат во автомобилите на германската автомобилска индустрија.

Најголем дел од извозот на Германија се производи со висока додадена вредност, или околу 17% отпаѓа на машини, втора најголема извозна ставка со удел од 16,5% се автомобилите, по што следат електричната опрема и лековите.

Извозната германска супериорност е причината зошто Германија е моторот на европската економија и зошто има највисок животен стандард.

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here