Мерките против ширењето на пандемијата сокорона вирусот кои повеќето земји ги воведоа имаа големо влијание врз индустриското производство во земјите од Европската унија. Според податоците од Еуростат, индустриското производство во еврозоната во март бележи месечен пад 11,3% во еврозоната и пад од 10,4% во Европската унија.

Падот на индустриското производтсво во март во однос на март минатата година изнесува 12,9% во еврозоната и 11,8% во земјите од Европската унија.

Најголем пад на индустриското производство во март има Италија од 28,4%, Словачка од 20,3% и Франција со пад од 16,3%.

Највиосок раст на производството во март имале Ирска од 15,5%, Грција и Финска од 1,9% и Литванија со раст од 0,7%.

Индустриското производство во Германија  во март бележи пад од 14,3% во споредба со истиот есец лани.