Канадската истражувачка фирма „Medgold resources” најави дека пронашла прелиминарни резерви од околу седум милиони тони руда во јужна Србија, односно на границата со Македонија и Бугарија, објавува српскиот медиум „Вечерње новости“.
Станува збор за откритие во рамките на проектот наречен Тламино, лоциран во близина на Босилеград, во Југоисточна Србија, во рамки на кој се пронајдени околу 680.000 унци, односно близу 19,3 тони злато, вредно малку повеќе од милијарда долари.
Канаѓаните најавиле подготовка на прелиминарна физибилити студија, која треба да ги потврди овие резултати.

Во исто време, канадската геолошка компанија Тедијан, компанијата која бара наоѓалишта на метали во Србија, Бугарија и Космет, соопшти дека постигнала договор за набавка на српската геолошка компанија ЕФПП, која поседува права за истражување на местата Кижевак и Саставци, во околината на Рашка.
Како што е првично утврдено, содржината на злато на тоа место, во просек, е околу три грама на тон. На пример, депозитите со грам злато на тон, доколку се придружени со соодветни количини руда, се сметаат за профитабилни.
Компании од Велика Британија ќе водат подготовка на прелиминарни студии за физибилити, како и дополнителни металуршки студии, бидејќи постојат сериозни индикации дека далеку поголемо количество од тој скапоцен метал се крие на тоа место.

“Современата ера на истражување на Тламино започна во 1950-тите години кога компаниите на Југословенска држава го истражуваа регионот пред се за олово и цинк. Можеби најзначајно, скапоцените метали не биле вообичаено анализирани во овој период. Потоа, имотот бил истражуван за злато од Авала ресурси во средината на 2000-тите, иако се чини дека нивното дупчење го промашило главниот дел од минерализацијата на скапоцените метали”, се вели на сајтот на компанијата Medgold во врска со проектот Тламино.