Кинескиот град Шенжен, во регионот Гуандонг, кој важи за кинески пандан на американската Силиконска долина, стана првиот град со целосна покриеност со независна 5G мрежа.
Шенжен важи за место каде технологијата брзо се развива и кое е место на многу стартапи од оваа област, како и на големите Tencent и Huawei.
Сите жители на овој град веќе имаат пристап до многу брзата 5G мрежа, со што Шенжен стана првиот град во светот што нуди 5G мрежа насекаде, која не зависи од претходната 4G мрежа
Шенжен е град со 46,4 илјади базни станици, што е најголем број 5G базни станици во светот.
Ако градот Шенжен некогаш се сметаше за светска фабрика, денес тој е дом на кинеските технолошки гиганти Tencent, WeChat, Huawei и ZTE, водечката компанија за дронови DJI, а на овие светски познати компании им се придружуваат и многу други помали компании.
Независната 5G мрежа ќе поддржува 20 урбанистички проекти кои ќе ја покажат употребливоста на мрежата на новата генерација. Проектите се вреди околу 200 милиони евра, а меѓу нив се здравствена технологија, индустриски интернет, мобилност и многу други области.
Брзиот одговор на новата технологија е исто така резултат на поддршката од кинеската влада, која го стави развојот и користењето на мрежата 5G во своите приоритетни национални стратешки планови.
5G беше пуштен во употреба во Кина во ноември минатата година, и е опишан како најголема мрежа од ваков вид во светот. Развојот не беше запрен ниту од пандемијата, бидејќи локалните провајдери на мрежата ги завршија плановите без одложување.
Секоја недела во Кина се поставуваат по 10 илјади базни станици за 5G, а мобилните оператори неодамна најавија намалување на цените на 5G пакетите.
Плановите на кинеските власти се до крајот на годинава да бидат поставени над 800 илјади базни станици за 5G мрежа, а бројот на корисници се очекува да надмине 200 милиони.