Од 2 до 5 февруари 2025 година, во Келн, Германија, ќе се одржи ISM 2025 (Меѓународен саем за кондиторски производи), најголемата и најважна бизнис комуникациска платформа во кондиторската индустрија.
Макпрогрес со гордост ја продолжува својата традиција на учество на ISM веќе 20 години, претставувајќи ги своите исклучителни брендови Винчини и Дониа. Ова учество ја потврдува посветеноста на Макпрогрес на иновации, квалитет и извонредност во прехранбената индустрија.
“ISM е можност да ја покажеме страста и посветеноста кои го дефинираат Макпрогрес. Веќе 20 години ги претставуваме нашите брендови на оваа глобална сцена, и секоја година ги зајакнуваме нашите односи со партнерите и отвораме нови можности”, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес.
Производите на Макпрогрес ќе бидат излоѓено на посебен штанд во Хала 3.2, штанд E021.