Меѓународниот монетарен фонд е убеден дека Кина ќе биде моторот на глобалната економија што се опоравува од кризата во следните години

Кина ќе биде одговорна за 20 % од вкупниот раст на глобалниот БДП за петгодишниот период кој завршува до 2026 година.

Во 2020 година, глобалниот БДП падна за 2,8 трилиони долари, што е најмногу од Големата депресија. Во периодот 2021-2026 година, се очекува да се зголеми за над 28 трилиони долари,  на 122 трилиони долари.
По Кина, најголем придонес за растот на глобалниот БДП ќе имаат САД и Индија, а првите пет ги комплетираат и Јапонија и Германија, проценува ММФ.