Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2022 година изнесува 14 и е намален за 0.4 процентни поени во однос на декември 2021 година. Во однос на претходниот месец ноември, индикаторот на доверба е намален за 0.3 процентни поенти.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила со 21.7%, недоволната странска побарувачка со 16.1 %, неизвесното економско опкружување со 16% и недоволната домашна побарувачка со 11,9%.
За споредба, анкетата од декември 2021 година покажала дека најголемо ограничување за индустријата биле недоволната побарувачка од странство со 20,8% и неизвесното економско опкружување со 14,1%.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2022 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на декември 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2022, во однос на ноември 2022 година,е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се намалени во однос напретходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Во преработувачката индустрија се создава 81,5% од вкупното индустриско производство во државата и се вработени над 133 илјади лица.