Полскиот извоз на игри, конзоли и уреди за видео игри бележи зголемување на неверојатни 3.810 % во периодот од 2013 до 2018 година. Со тоа земјата стана четврт најголем извозник на видео игри во светот, веднаш зад Кина, ХонгКонг и Јапонија.
Вредноста на извозот достигна 1,24 милијарди евра во 2018 година, што е 6,5% од вкупниот светски извоз на видео игри.
Една од главните причини за огромното зголемување е успехот на играта „TheWitcher“, развиена од CD Projekt Red и заснована врз основа на романската серија со исто име на полскиот автор Анджеј Сапковски.
The Witcher досега имапродадено 40 милиони единици од првото издавање во 2007 година.
Апсолутен лидер во извозот на видео игри е Кина со вредност на извоз од 9,35 милијарди евра или 49,1% учество во светскиот извоз на видео игри и конзоли. Следат Јапонија со извоз вреден 1,95 милијарди евра и учество од 10,2% од 10,2% и ХонгКонг со извоз вреден 1,24 милијарди евра и учество од 9,1% во вкупниот светски извоз.
Најголеми увозници, пак, во светот на видео игри и конзоли се САД, Германија, Хонг Конг и Полска.
Индустријата на видео игри и конзооли во светот расте со многу брзо темпо. Во периодот од 2013 до 2018 година просечната годишна стапка на раст изнесувала 15,5%.