Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 68,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 60, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 ден/кг и ќе изнесува 35,243 денари за килограм.
“Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,88%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 04.05.2021
година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,035% или за 25,300 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 3,187% или за 16,800 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 3,463 % или за 17,850 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,956% или за околу 12,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,0482 ден/$ и е за околу 0,160% повисок од курсот на доларот (50,9667 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, велат од Регулаторната комисија за енергетика.