Русија го ограничи извозот на житарки

Владата на Русија објави декрет за восопставување на извозна квота за одредени житни култури до крајот на јуни.

Мерките уследија откако лидерите на три светски агенции, вклучително и Светската трговска организација и Светската здравствена организација, ги предупредија земјите да не наметнуваат ограничувања за извоз што можат да ги нарушат синџирите на снабдување со храна во светот.

Русија е водечки извозник на пченица во светот. Во земјоделската година 2018-2019 година се извезени повеќе од 35 милиони тони пченица и 43,3 милиони тони вкупно од сите житни култури.

Руските ограничувања се однесуваат на пченица, пченка, јачмен и ‘рж, како и мешавина од житарки наречена меслин.

Според владината уредба можат да се извезат само 7 милиони тони житарки. Ова не се однесува на извозот на семе. Извозот сè уште е неограничен во царинската унија што Русија ја воспостави со Казахстан и Белорусија.

Во владината наредба потпишана од премиерот Михаил Мишустин се вели дека овие житарки  се „од големо значење за домашниот пазар“.