На Србија и треба пристаниште поради извозот, кој ќе биде се поголем, а за нас е важно да ги искористиме капацитетите на Солун и Пиреја и да купиме дел од пристаништето, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум што се одржа во Палатата Србија.
„За нас е важно да ги искористиме капацитетите на пристаништата во Солун и Пиреја, да купиме дел од пристаништето, немаме проблем да ги закупиме пристаништата. Кога ќе го зголемиме производството на автомобили, со рудници, железарници, тоа ќе ни треба. Од Црна Гора побаравме пристап до пристаништето Бар, зошто ни треба и побрз извоз во светот“, изјави Вучиќ, пренесува Танјуг.
Bучиќ изјави дека со грчкиот премиер разговарал и за соработка во енергетскиот сектор – енергија, нафтовод, гасовод, набавка на гас, обновливи извори на енергија, ветерници, паркови за батерии. Теми на разговор биле и соработката на електроенергетските компании од двете земји, транспортот и инфраструктурата.
„Градиме рза пруга од Белград до Ниш, останува да се премости низ територијата на Северна Македонија. Грција ја завршува брзата железничка линија до границата со Северна Македонија. Ова ни е важно поради нашите туристи, кои ќе бидат блиску до Солун“, рече Вучиќ. – Нашето присуство на овој форум е доказ дека пријателството меѓу Србија и Грција е цврсто вкоренето и дека имаме можност да направиме голем скок во нашите економски односи, посочи Мицотакис, додавајќи дека размената на стоки меѓу двете земји, која изнесува 750 милиони евра, може да биде уште поголемa”, изјави грчкиот премиер Мицотакис.