вторник, февруари 7, 2023

Eксклузивно издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022

Специјализираниот портал Извоз.МК (www.izvoz.mk) и оваа година ја објавува специјалната едиција Топ 100 Извозници, која е единствена публикација во земјата во која на едно место се рангирани најголемите 100 извозни компании во Р.С.Македонија.

НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА.

Специјалната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022 има за цел да ги идентификува најдобрите извозни компании, да ги промовира нивните извозни успеси и добри практики кои придонесуваат за повисока додадена вредност во македонската економија, но и да помогне во дефинирање на нови антикризни мерки и стратегија со која полесно како држава ќе се справиме со мултикризата, односно со енергетската криза, можната финансиска криза и предизвиците кои ги носи новата геополитичка реалност. Bо изданието Топ 100 Извозници 2022 може да прочитате и повеќе интервјуа со најголемите извозници од различни индустрии, колумни, предвидувања, како и понуди на производи и услуги за извозните компании од банки, логистички компании и финансиските институци кои во фокусот на своето работење ја имаат поддршката на извозните компании и се свесни колку е важен извозот за една економија.

Нарачајте го својот примерок

Екслузивната годишна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ која излегува по трет пат, во високвалитетен печат и модерен дизајн на 80 страници, на читателите им нуди рангирање на најуспешните извозни компании од Р.С.Македонија, рангирани според остварениот извоз, односно приходи од продажба на странски пазари во текот на 2021 година, како и остварените вкупни приходи на компаниите во истиот период. Ова е единствена публикација во земјата која ги рангира најголемите извозни компании, кои истовремено се и најуспешни компании со најголем потенцијал за развој.

Својот примерок од едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ можете да го нарачате на:  marketing@izvoz.mk или contact@izvoz.mk:
  •   1 примерок Топ 100  Извозници …………………………………….. 800 денари
  •   5 примероци Топ 100 Извозници …………………………………. 3.000 денари
  •   3 примероци од едиција
      Топ 100 Извозници2021, 2020 и 2019 ………………………….. 1.300 денари.
error: Content is protected !!