Од Макам Транс информираат дека Турција конечно почнува да ги олабавува рестрикциите за странски возачи, а оваа информација е потврдена и од македонското Министерство за надворешни работи.
Според новата одлука Турција се предвидува за превозниците ТИР, за сите земји кои беа на негативниот список за влез во Турција да им биде дозволен влез во Турција под следните услови:
1) на возачите ќе им биде направена здравствена контрола, и доколку имаат симптоми на КОВИД 19 ќе им биде забранет влезот
2) доколку немаат симптоми, возачите и камионите ќе можат да влезат во Турција и да се движат 72 часа
3) во случај на непредвидени и вонредни околности, може ова времетраење да биде пролонгирано уште 24 часа
4) за времетраењето на престојот од 72 часа, доколку се јават симптоми на вирусот, ќе бидат преземени мерки, што значи дека ќе можат да бидат ставени во Карантин.“
Во испратениот допис од Турција се наведува дека странски возач смее да влезе на територија на Турција, но претходно потпишува изјава дека за 72 часа ќе ја напушти територијата на Турција.
Понатаму, во возилото мора да има доволно храна, средства за дезинфекција и маски, а сите возила на влез во Турција ќе бидат дезинфицирани.
Местата за пауза ќе бидат обележани и со најава и полиција ќе биде однесено возилото на паркинг. Доколку дадениот временски период не се почитува, возачите ќе бидат ставени во 14 дневен карантин.