Турција ќе ги става во 14 дневен карантин сите возачи кои доаѓаат од ризичните земји

Согласно последните информации, од Макам Транс информираат дека Турција не дозволува странски возачи кои доаѓаат од Австрија, Германија, Холандија, Белгија, Шпанија, Франција, Норвешка, Данска, Шведска, Италија, Кина, Иран, Ирак, С.Кореја, Јапонија, Сингапур, Хонг Конг и Тајланд да влезат на територија на Турција, возачите можат да влезат на територија на Турција дури после 14 дена.

Турските возачи од цела Европа и Кина, Иран, Ирак, С.Кореја, Јапонија, Сингапур, Хонг Конг, Тајланд се спроведуваат во карантин во Турција од 14 дена.

Она што е возможно е да се направи замена на возачите, односно возилото да го преземе возач кој не бил на територија на некоја од погоренаведените држави.