Според новите цени на горивата објавени од Регулаторната комисија за енергетика од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 7.76%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 2.50 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 49.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 52.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 4.00 денари – и од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе чини 42.50 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 30,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 ден/кг и ќе изнесува 16,945 ден/кг.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.