Хрватската кондиторска компанија Краш во првата половина годинава остварила извозни приходи од над 200 милиони куни или 26,5 милиони евра, а уделот на извозот во вкупните приходи изнесува над 45%.
Компанијата Краш, која од минатата година е во мнозинска сопственост на хрватрската компанија Mесна индустрија Браќа Пивац, извезува во над 50 земји, а годинава отворила и два нови извозни пазари, Катар и Јужен Судан. Производите на Краш се традиционално застапени на арапските пазари, а Саудиска Арабија е еден од поголемите извозни пазари. Производите на Краш исто така се извезуваат на пазарите во Западна Европа, Западен Балкан…
Во текот на изминатата 2019 година Краш остварил извоз од 61,5 милиони евра.
Колку за споредба, најголемата македонска извозна компанија од кондиторската индустрија Макпрогрес, во текот на изминатата година оствари приходи од продажба на странски пазари од околу 20 милиони евра.