Царинската управа слави 29 години постоење

Царинската управа, денес, на 14-ти април одбележува 29 години од своето постоење како самостоен државен орган. Со оглед на условите предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, директорот на Царинската управа г. Горан Сугарески, преку видео порака им се обрати на царинските службеници, соработниците, учесниците во царинските постапки, како и на сите граѓани и се осврна на постигнатите резултати во текот на изминатата година.

Соочени со посебни предизвици и потешкотии предизвикани од пандемијата, Царинската управа следејќи ги промените, со брзи реакции и флексибилност успеа проектите и активностите кои започнаа во 2019 година непрекинато да ги извршува и во 2020 година.

За настаните и проектите кои ја одбележаа годината што измина, директорот на Царинската управа говори во своето обраќање кое можете да го погледнете на линкот во прилог: