Од ноќеска на полноќ бензинот и дизел горивото поевтинуваат за половина денар по литар, додека цената на нафтата за домаќинствата останува непроменета, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 09.08.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 денар/килограм.

“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,104 % или за 15,100 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 1,735 % или за 10,150 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 1,873% или за 10,850 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 1,975 % или за околу 8,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,3391 ден/$ и е за околу 1,086 % повисок од курсот на доларот (51,7765 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, објаснуваат од Регулаторната комисија.