Цените на нафтата денеска се зголемија за околу 9% , достигнувајќи цена од 106,7 долари по стравувањата дека се можни прекини во снабдуввањето по руската ивазива во Украина и санкциите на Западот кон руската економија.

Фјучерсите на брент поскапеа за 8,80 долари, или 9%, на 106,77 долари за барел, што е најголем дневен процентен пораст од март 2021 година.

Американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) порасна за 9,89 долари, или 10,3%, на 105,61 долари, што е најголем дневен процентен пораст од мај 2020 година.

Брент нафтата го достигна највисокото ниво од јули 2014 година, а WTI највисоко од јуни 2014 година.

Покрај суровата нафта, американските дестилати и фјучерсите на бензинот исто така го достигнаа највисокото ниво од 2014 година.

Санкциите предводени од САД кон Русија главно не го таргетираа конкретно енергетскиот сектор, но трговците бегаат од тргување со руски барели, што доведе до големи попусти на руската нафта и затегнување на понудата за други видови сурова нафта.

Русија е втор најголем извозник на сурова нафта во светот после Саудиска Арабија и извезува 4 до 5 милиони барели на ден сурова нафта и 2 до 3 милиони барели на ден рафинирани нафтени производи. Купувачите на руска нафта се соочуваат со тешкотии околу плаќањата и достапноста на бродовите поради санкциите, при што BP го откажа товарењето на мазут од руското пристаниште на Црното Море.

Најголемите светски бродски компании MSC и Maersk го стопира движењето на контејнери до и од Русија, додека Британија им забрани на сите бродови со каква било руска врска да влезат во нејзините пристаништа. Големите нафтени и гасни компании, вклучително BP PLC и Shell PLC, објавија планови за напуштање на руските операции и заеднички вложувања, додека TotalEnergies SA  рече дека нема да инвестира понатамошен капитал во своите операции во Русија.

Според агенцијата ТАСС во меѓувреме, Русија се очекува да ги зголеми испораките на нафта за Кина. Преку нафтоводот Транснефт се планира да ги зголеми испораките за Кина преку гасоводот ESPO овој месец на 2,48 милиони тони од 2,22 милиони тони во февруари, според вестите на ТАСС.

Стравувањата се зголемија бидејќи глобалниот договор за ослободување на резервите на сурова нафта не ги смири стравувањата за прекини во снабдувањето од руската инвазија на Украина, и наместо тоа ја нагласи загриженоста за растечките нарушувања.

Членовите на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), во кои спаѓаат САД и Јапонија, се согласија да ослободат 60 милиони барели сурова нафта од нивните резерви за да се обидат да го смират наглото зголемување на цените што ги потисна главните одредници над 100 долари за барел.

Сепак, веста за тоа зголемување – што е еквивалентно на помалку од еден ден светска потрошувачка на нафта – само го нагласи стравот на пазарот дека понудата ќе биде несоодветна за да ги покрие растечките нарушувања на пазарот на сурова нафта.

Најголемиот снабдувач на глобална нафта, Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците, вклучително и Русија, познат како ОПЕК +, не сигнализираа желба за зголемување на производството и покрај молбите од Соединетите Држави и други.