Светските цени на храната се зголемија деветти последователен месец во февруари, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2014 година, предводено од скокот на цената на шеќерот и растителните масла, соопштуваат од Агенцијата за храна на Обединетите нации ФАО.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство, кој ги мери месечните промени на кошницата со житни култури, маслодајни семе, млечни производи, месо и шеќер, минатиот месец во просек изнесуваше 116,0 поени наспроти 113,2 поени во јануари.

ФАО во соопштението исто така вели дека жетвата на житарици ширум светот треба да достигне годишен рекорд во 2020 година, додавајќи дека раните индикации укажуваат на натамошно зголемување на производството оваа година.

Извор: Reuters