Членките на Источна Европа размислуваат за тужба за новите регулативи за сообраќај на ЕУ

0
63

Полска, Бугарија и другите источноевропски членки на Европската унија размислуваат да поднесат тужба за новите сообраќајни регулативи со кои се бара камионите од тие земји да се враќаат во нивните матични држави на секои осум недели.

Реформата на регулативата за товарниот транспорт или позната како Пакет за мобилност беше промовирана од страна на побогатите членки на ЕУ, на чело со Франција и Холандија.

Повеќето земји членки на ЕУ се договорија во декември минатата година со реформите во транспортот, вклучувајќи го и правото на камионџиите кои работат во странство да се вратат дома на секои три до четири недели, да ги поминуваат неделните одмори надвор од возила, а не на паркинзи, а работодавците да ги сносат трошоците за сместување.

Според новите правила, камионите што се во меѓународниот сообраќај мора да се вратат во седиштето на компанијата на секои осум недели, а овој потег е осмислен за борба против практиката на регистрирање на транспортни компании во земји со пониски даноци.

Меѓутоа, Бугарија, Романија, Полска, Унгарија, Латвија, Литванија, Естонија, Малта и Кипар се против овие реформи. Овие земји бараат измени во новите регулативи, за кои ќе се дискутира во наредните месеци во Европскиот парламент.