Дури 41% од испитаниците во анкетата за најпосакувана компанија на порталот Вработување се изјасниле дека би работеле во Алкалоид.

На прашањето “Сте размислувале ли во која од поголемите македонски компании би се вработиле доколку имате можност?”,  дури 601 лице од вкупно 1.468 испитаници ја одбрале Алкалоид.

Некои од многуте позитивни коментари кои испитаниците ги дале за компанијата Алкалоид се „Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски одржлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а посебно здравјето на децата, ја прави сама по себе „благородна” работа. Во време на економска криза и пандемија во светски размери, води грижа за здравјето на своите вработени, нивните семејства и наоѓа начин за навремена исплата на плати, нови вработувања, мотивација на вработени и нивен постојан развој. Сметам дека во оваа компанија можам многу да научам и да допринесам во иднина. „Затоа што е една од најдобрите и најоговорни фирми во Македонија и во Европа. Остава простор за развој на младите и поголем интерес кон целта во нивниот живот.“

За Макпетрол се изјасниле 14% од испитаниците. Во еден од коментарите за оваа компанија стои „Одлично организиран систем на работа“.

12% ја избрале ЕВН Македонија како компанија во која би работеле доколку имаат можност. „Одлични плати и работни услови“ – коментираат испитаниците.

8% од испитаниците би работеле во Пивара Скопје, а дел од коментарите на испитаниците се „Најдобра компанија со најдобри услови за работа. Една од посигурните компании во земјава.“


Следна компанија на листата е Македонски Телеком, за која се изјасниле 7% од испитаниците.

4% би работеле во Витаминка, по 3% за Зегин и А1 Македонија, 2% за Прилепска Пиварница и 1% од испитаниците се одлучиле за Млекара АД Битола, додека 5% ја избрале опцијата „Друга компанија“.

Сите одговори и коментари можете да ги видите на ЛИНКОТ.