“Алкалоид” се претстави на водечкиот саем за фармација Expopharm

36

Фармацевтската компанија “Алкалоид” се претстави со сопствен штанд на саемот Expopharm, кој се одржа од 27 до 30 септември во Дизелдорф, Германија.

Expopharm е еден од водечките европски фармацевтски саеми, чија цел е да го обликува фармацевтскиот пазар преку нудење увид во важни наоди и иновации.

Како глобално ориентирана компанија учествуваме на овој значаен настан, оваа година со сопствен штанд. Бевме среќни за можноста да се запознаеме со нашите партнери, да размениме идеи со колегите и да ја прошириме нашата мрежа со вредни нови контакти“, велат од “Алкалоид”.

Годинава Expopharm го посетија над 29 илјади посетители кои имаа можност да откријат производи, услуги и решенија од повеќе од 500 излагачи на површина од 33.000 метри квадратни.