Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,42% споредено со вчерашната одлука.

Така, малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2 денари и од полноќ ќе чинат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 96,50 денари; ЕУРОСУПЕР БС-98 – 99 денари.

Се намалува и цената на дизел горивото и на екстра лесното масло за домаќинства за 2,5 денари. Од полноќ тие ќе чинат: ЕУРОДИЗЕЛ – 97,50 денари; ЕЛ-1 – 96 денари.

Цената на мазутот се зголемува за 1,011 денари и ќе изнесува 52,466 денари.

“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,597% или за 17,150 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 1,488% или за 16,250 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,374 % или за 15,050 $/тон и
кај мазутот зголемување во просек за околу 2,738% или за 15,850 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,7213 ден/$ и е за околу 0,263% понизок од курсот на доларот (60,8813 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, објаснуваат од Регулаторната комисија.