Компанијата Брако го промовираше првото возило за чистење во светот кое целосно работи на водород. Возилото ќе се продава под брендот Green Machines, а ќе се произведува во фабриката на Брако во Велес, која минатата година стана сопственик на брендот Green Machines и на сите интелектуални и патентни права поврзани со машините.
Ова е најнова иновација од страна на Брако, која очекуваат да биде game-changer на пазарот на возила за чистење во светот бидејќи е целосно еколошко возило кое воопшто не ја загадува животнта средина, што е голема конкурентска предност во време кога Европа и целиот свет се борат за намалување на штетните издувни гасови од возилата и транпортните-сообраќајни средства.
Станува збор за машина за чистење улици и јавни површини каде што енергијата ќе ја генерира горивна ќелија, а како гориво ќе користи водород (хидроген). Водородот е складиран во сад под екстремно висок притисок и тој заедно со кислород од воздухот напојува горивна ќелија која генерира електрична енергија која понатаму ги придвижува електромоторите на возилото.
“Веруваме дека водородот е гориво на иднината и неговата се поголема присутност со обезбедена инфраструктура во развиените земји не поттикна на еден ваков подвиг. Оваа машина претставува сè за што се залагаме и ние навистина веруваме во нејзината моќ да го промени светот на подобро. Среќни сме што по долгогодишен развој и посветеност, сега ќе претставиме производ што ќе го направи горд целиот свет”, велат од Green Mashines .
Иле Атанасов, директор во Брако задолжен за сегментот за производство на возила за чистење и медицински помагала вели дека е особено горд што бил инволвиран во овој проект од самиот почеток и што успеале да покажат дека и во С.Македонија е возможно да се направи комплексен производ со голема додадена вредност и квалитет достоен за почит.
“Ако пред 10 години бевме први на пазарот што понудија машина за чистење улици целосно на електричен погон каде извор на енергија се литиум-јонски батерии, сега повторно сакаме да се наметнеме како лидери во оваа област на начин што први во светот ќе претставиме машина за чистење улици и јавни површини каде што енергијата ќе ја генерира горивна ќелија, а како гориво ќе користи водород (хидроген)”, вели Атанасов.
Промоцијата на новото возило на чистење била првично планирана на биде во мај годинава на саемот IFAT во Минхен, кој е најпознат во светски рамки за овој тип на машини, но за жал заради пандемијата на вирусот Ковид-19 тој настан се откажа, заради што во следниот период новите иновативни возилата под брендот Green Machines преку различни алтернативни начини ќе се презентираат низ целиот свет.
>>Поврзани вести на оваа тема <<
Повеќе детали за новото возило погледнете во следното видео: