Британските фармери бараат чартер летови за да се донесат земјоделски работници од Бугарија и Романија

Британските одгледувачи на овошје и зеленук ги предупредија властите дека се потребни чартер летови за да се донесат сезонски работници од Источна Европа, во спротивно овошјето и зеленчукот ќе скапат на полињата бидејќи ќе нема кој да ги бере, пишува британскиот весник The Guardian.

Некои големи фарми веќе организираат чартер летови за да гонесат работници од земјите од Источна Европа. Но, земјоделските организации и агенциите за регрутирање велат дека се закануваат масовни нарушувања во земјоделскиот сектор предизвикани од ширењето на коронавирусот, заради што треба да се вклучи и владата на велика Британија и да помогне во организирањето на повеќе летови.

На Велика Британија и се потребни околу 90.000 сезонски работници, а многу од нив треба да се обезбедат за само неколку недели.
Еден од водечките снабдувачи Concordia вели дека му се потребни да донесе околу 10.000 работници – половина од ЕУ, а остатокот од Русија, Молдавија, Украина, Белорусија, Грузија и Барбадос. Но, сите земји што не се членки на ЕУ се затворени, а многу држави го продолжуваат затворањето на границите до крајот на април.

„Нашето регрутирање надвор од ЕУ е запрено, што нè остава само со Литванија, која има затворени граници, Романија која нема авионски летови и Бугарија која е наше мало светло кое ни останува“, вели Стефани Маурел, главен извршен директор на Конкордија.

Иако Бугарија е во карантин речиси на ниво на целата земја, земјоделските работници се класифицирани како клучни работници и можат да се движат низ целата земја. Но, повеќето авиокомпании кои работат во Бугарија – вклучително и EasyJet – се приземјени.

“Бараме чартер летови за да се донесат работници. Тоа чини 10.000 фунти за еден час лет, се превезуваат околу 229 патници, што значи Софија до Лондон 45.000 евра, или околу 250 евра по човек“”, вели Маурел, кој информира дека овој план сега се разговара на државно ниво заедно со сите земјоделски организации.

Минатата година, 98% од собирачите на овошје и зеленчук  биле дојдени од надвор од Велика Британија, огромно мнозинство од Бугарија и Романија.