На 34-та владина седница која се одржа вчера попладне донесена е и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица, со која на правните и физичките лица кои се извозници на брашно од пченица и наполица, во текот на еден месец да може во висина од 70% од вкупно произведената количина на брашно од пченица и наполица во претходниот месец, да ја извезуваат, а 30% да остане за потребите на домашниот пазар.
Ваквото ограничување ќе се спроведува по пат на издавање на дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки-ЕХИМ, под име на лиценца Е004 МЕ.
Извозникот на брашно од пченица и наполица е должен пред да поднесе барање за издавање на дозвола, во Министерството за економија ќе треба да достави доказ (финансова материјална картичка) за вкупно произведената количина и продадената количина на домашниот пазар на брашно од пченица и наполица.