Македонските компании во земјите од Западен Балкан извелзе производи во вредност од 287,4 милиони евра во првата половина годинава. Во споредба со истиот период лани, извозот е намален за 56 милиони евра или за 16,4%.

Во истиот период пак од петте земји од Западен Балкан ( Косово, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) се увезени производи во вредност од 343 милиони евра, а во споредба со истиот период лани увозот е намален за 5,2% или за 19 милиони евра.

Според податоците, во трговијата со земјите од Западен во првата половина годинава сме имале трговски дефицит од 55 милиони евра, кој е три пати поголем во споредба со трговскиот дефицит од 17,6 милиони евра кој сме го имале во првата половина од 2019 година.

Речиси 72% од вкупниот извоз во Западен Балкан отпаѓа на два пазари, Косово и Србија, каде во првата половина годинава се извезени стоки во вредност од 295,7 милиони евра.

Во Косово во периодот јануари-јуни 2020 година се извезени стоки во вредност од 107,5 милиони евра, за 22,9% помалку од лани. Најголем дел од падот на извозот на овој пазар се должи на намалениот извоз на нафтени деривати, заради намалувањето на ценната на нафтата.
Извозот во Србија, пак, во истиот период е намален за 14,9% и изнесувал 98,3 милиони евра.