Глобалните цени на храната се зголемија во јули втор месец по ред, главно заради поскапите растителни масла и млечните производи, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).
Цените, според нивните објаснувања, растат како резултат на зголемената побарувачка и недостигот на сезонски работници вклучени во бербата на земјоделски култури.
Показателот на цените на храната е формиран на 94,2 поени во јули, што е за 1,2 % повеќе во однос на јуни и 1% повеќе отколку во јули минатата година.
Индикаторот ги вклучува цените на сите најчесто користени јадења.
Цените на растителните масла пораснаа за 7,6% на месечно ниво и се најскапи во изминатите пет месеци. Цените на млечните производи се зголемија за 3,5%, при што растат цените на сите млечни производи, од путер до сирење и млеко во прав.
Цената на житарките не пораснаа во однос на јуни, а шеќерот е поскап за 1,4 %.
Цените на месото паднаа за 1,8 % на месечна основа и се за 9,2% под нивото од јули 2019 година.