Руската државна гасна компанија Газпром соопшти дека цената на европскиот гас може да се зголеми за 60% до повеќе од 4.000 долари за 1.000 кубни метри оваа зима, наведувајќи го како причина намаленото производство и извоз на компанијата поради санкциите на Западот.

Протокот на гас од Русија, главниот европски снабдувач, течат со многу намалено ниво оваа година, откако една рута беше затворена со почетокот на војниот конфликт, но и проблемот со поправката на опремата на гасоводот Северен тек 1.
„Европските цени на спот гасот достигнаа 2.500 долари за 1.000 кубни метри. Според конзервативните проценки, доколку таквата тенденција продолжи, цените зимава ќе надминат 4.000 долари за 1.000 кубни метри“, соопштија вчера од Гаспром.

Холандските големопродажни цени на гасот го достигнаа највисокото ниво на сите времиња од речиси 335 евра за мегават час (MWh) во пролетта оваа година. Оттогаш, тие се спуштија на околу 226,00 евра за MWh вчера (16 август 2022), но остануваат далеку повисоки од пред една година кога беа околу 46 евра за MWh.

Киев затвори една од рутите на Гаспром за извоз во Европа, додека Гаспром го намали снабдувањето на само 20% од капацитетот на гасоводот Северен тек 1 кон Германија поради спорот за опремата.

Севкупно, извозот на гас на Гаспром падна за 36,2% на 78,5 милијарди кубни метри меѓу 1 јануари и 15 август годинава, а производството е намалено за 13,2% на 274,8 милијарди кубни метри во споредба со пред една година, се вели во соопштението.

Минатата година Русија заработила 244,2 милијарди долари од извоз на енергија, соопшти Министерството

Генерално, прогнозите на Министерството за економија сугерираат дека руската економија се справува со санкциите подобро отколку што Москва првично се плашеше и дека економијата ќе се намали помалку од очекуваното.

Извор: Reuters