Смртоносната пандемија на коронавирусот го парализира скоро целиот свет, а нејзиното негативно влијание е видливо на сите полиња.
Очекувањата во германскиот автомобилски сектор во однос на извозот на автомобили се на најниско ниво од март 2009 година, кога најголемата економија во Европа беше погодена од светската финансиска криза.
„Очекувањата за германскиот автомобилски сектор значително се влошија како резултат на кризата со коронавирус“, се вели во соопштението на Институтот за економски истражувања Ифо, пренесува Ројтерс.
Деловните очекувања на секторот за наредните месеци паднаа на -33,7 од -19,7 во февруари.