Германската економија се намали за 0,4% во четвртиот квартал од 2022 година во споредба со претходниот квартал, покажаа податоците на Федералниот завод за статистика (Дестатис).
Бројката е полоша од проценката за пад од 0,2% на квартално ниво.
На годишна основа, пак, најголемата европска економија порасна за 0,3% во четвртиот квартал благодарение на посилната домашна побарувачка во споредба со претходната година.
БДП порасна во првите три квартали од минатата година (0,8%, до 0,1% и 0,5%) и покрај економските предизвици како што се континуираната криза со Ковид 19 и руско-украинската војна, се вели во Извештајот.
Високата инфлација и тековната енергетска криза имаа негативен ефект врз германската економија кон крајот на годината, особено намалувањето на трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата, истакнуваат од Дестатис.
Во текот на целата 2022 година, најголемата европска економија бележи раст од 1,8% на годишна основа.
Германија е најголем извозен пазар за македонската економија каде во текот на изминатата 2022 година е остварен извоз од 3,7 милијарди евра, годишен раст од 15,7%. Дури 45% од вкупниот извоз од Македонија минатата година бил насочен кон Германија.
Извор: Destatis