Компанијата „Даути-Комерц“ го постави камен-темелникот на новиот и современ Извозен центар во Сарај, Скопје. Извозниот центар ќе се простира на површина од 30 илјади метри квадратни, со капацитет за складирање на 50 илјади тони стока и ќе биде изграден според најсовремените трендови.
Компанијата Даути Комерц континуирано реализира капитални инвестиции во зголемување на логистичките капацитети.

Според Џемаил Даути, генерален директор на компанијата „Даути-Комерц“, изградбата на Извозниот центар се наметнува како потреба за понатамошен развој на компанијата и има за цел да обезбеди поддршка на извозните компании при извоз на домашните производи на европските пазари.

 „Ние го трансформираме начинот на трговија во понапредна форма. Домашните производители често немаат моќ сами да бидат на пазарите во ЕУ, но ние сме специјализирани во дистрибутивниот дел и ќе создаваме нови можности. Извозниот центар ќе биде двигател на бизнисот во земјата“, изјави Даути.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, Нагип Фејзи, претседател на Сеалбанскиот економски форум, претседателот на СКЗМ Менди Ќира и уште многу други бизнисмени од земјава.

Даути Комерц која работи вече 30 години на македонскиот пазар е една од 100-те најголеми компани во земјава, специјализирана за дистрибуција на различни производи, со свои фирми во Албанија, Косово, и Црна Гора.