Еврото на највисоко ниво во последните 18 месеци

Еврото ја достигна највисоката вредност спремa американскиот долар во последните 18 месеци, откако земјите членки на ЕУ постигнаа договор за големиот план за обнова тежок 750 милијарди евра, кој треба да го помогне заживувањето на економиите погодени од пандемијата на корона вирусот.

Еврото ја зголеми вредноста за 0,6%,  до 1,1510 американски долари, откако порано во текот на денот достигна вредност од 1,156 долари, највисоко ниво од 11 јануари 2019 година.

Договорот на ЕУ беше прифатен од берзите како важен сигнал за единство на европските лидери и основа за идното економско обновување.