ЕУ ќе воведе нови даноци за да ја отплаќа помошта од 750 милијарди евра

На вчерашниот историски самит на ЕУ, на кој беше договорен пакетот за закрепнување од 750 милијарди евра, беше усвоен и седумгодишниот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година кој ќе тежи 1.074 трилиони евра.
Покрај  позитивниот сигнал за закрепнувањето на европската економија, ова се смета за голем чекор напред во европската интеграција, бидејќи за прв пат се договара заедничко задолжување , на ниво на цела ЕУ. Тоа е нешто за што Германија, на пример, се противеше долго време наназад.
„Буџетот е насочен кон иднината на Европа”, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, која најави дека допра следуваат многу тешки дискусии во Европскиот парламент.

Лидерите на земјите членки на ЕУ вчера всушност се согласија парите од пакетот за помош од 750 милијарди евра да се обезбедат преку емитување на нов долг, кој ќе треба да се враќа до 2058 година, преку воведување на нови даноци и давачки.
За таа цел европските лидери ја овластија Европската комисија да ги обезбеди парите од пазарите на капитал до 2026 година, а предложени беа и нови даноци за негово отплаќање, што е голем чекор кон фискална унија, за што ЕУ беше критикувана дека нема капацитет да ја постигне.

„Свесни сме дека ова е историски момент за Европа“, рече претседателот на комисијата, Урсула фон дер Лејен, додавајќи дека планот за обновување вонредни состојби сега „цврсто ги поврзува“ изворите на финансирање со процесот на отплата.

Договорено е од почетоткот на 2021 година да биде воведен  данок на пластични маса, односно данок кој ќе го плаќаат фирмите за амбалажата која нема да може да се рецикира.

Лидерите на ЕУ се согласија да предложат нов прекуграничен данок на јаглерод,  дигитален данок и начин за оданочување на онлајн тргоците во 2021 година, а кои ќе стапат на сила до 2023 година,
Германија врши притисок и за воведување на данок на финансиски трансакции, но засега не успеа да добие едногласна поддршка од земјите-членки на ЕУ.