Хрватската компанија Атлантик група по отварањето на претставништво во Полска во април годинава најавува посилен влeз на полскиот пазар со брендот Аргета.
Матјаж Водопивец во интервју за словенечкиот весник Finance објаснува зошто Полска е интересен пазар кој ветува деловен успех на групацијата Атлантик.
“Полска има поволна географска положба – близу е до балтичките држави, Украина, Чешка и Словачка, може да биде добра отскочна штица, и постои поголема можност за аквизиции и спојувања”, вели Водопивец, кој е одговорен за продажба и развој на производи во изминатите 15 години првин во Дрога Колинска, а потоа по преземањето и во Атлантик.
Тој сега има нов предизвик, да го развива брендот Аргета во Полска.
Со 40 милиони луѓе, Полска е еден од најперспективните пазари за нашите производи „Аргета“. Во словенските земји, категоријата паштети веќе постои и луѓето се навикнати да ги купуваат. Но, никој не инвестирал во овој сегмент во последните 20 години, па затоа е релативно неинтересен. Ние сакаме да го подигнеме на повисоко ниво, во однос на квалитетот и вредноста. Затоа, во Полска, ние би сакале да го повториме она што го направивме во нашиот регион во последниве години.Полска има скоро двојно повеќе жители од регионот на поранешна Југославија, а стандардот, со исклучок на Словенија, е двојно поголем. Според некои податоци, повеќе од пет милиони луѓе во Полска имаат плата над три илјади евра. Затоа, не очекуваме толку многу проблеми со цените, како што имавме во поранешна Југославија, каде куповната моќ е помал”, вели Водопивец.
Тој објаснува дека засега ќе се фокусираат на пет поголеми градови и големи трговски центри, а исто така идентификувале и микролокации.
“Сметаме и на саемите. Големите синџири на маркети организираат саеми за добавувачи на нови производи, каде имаме можност да се претставиме пред неколку клиенти на едно место. Ние сакаме да изградиме партнерство со некои големи клиенти кои покриваат поголем дел од пазарот. Јасно е дека, сепак, короната нема да трае вечно, па затоа треба само малку да се прилагодиме сега”, вели Водопивец.
Тој објаснува дека Атлантик група веќе ја направиле базата во Полска, и со Аргета се веќе присутни на околу пет илјади продажни места.
“Сега ќе мора да изградиме бренд, да ја зголемиме свеста за клиентите. Да ги убедиме да ги испробаат нашите паштети и потоа да се вратат за нив. Првата цел ќе биде затоа клиентите да стапат во контакт со производите, преку дегустации, примероци и разни промоции. Нашата најголема предност е квалитетен производ, ги следиме трендовите, правиме паштети без адитиви, со помалку сол. Исто така, ќе бараме niche пазари, за почеток, риби што се јадат многу во Полска, но нема соодветно снабдување со паштети со риби.