Кинескиот производител на батерии EVE Power планира да изгради фабрика за производство на батерии во Дебрецен, град лоциран во источна Унгарија.

Инвестицијата вредна 1 милијарда евра ја најави унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто, кој истакна дека ова ќе биде првата европска фабрика на компанијата.

Според Сијарто, фабриката ќе има цел да ја задоволи побарувачката за литиумски батерии од електричните автомобили на BMW кои ќе се произведуваат во блиската производствена фабрика, која моментално се гради.

Кинеската Eve Power е деветта по големина во светот по обем на производство на батерии.

Државата ќе обезбеди 38 милиони евра за финансирање на проектот со вкупна инвестиција од околу 1,08 милиони евра, со кој ќе се отворат над 1.000 нови работни места“, изјави Сијарто.

Светски лидер во производството на батерии за електрични возила е Кина, а потоа следат САД и Германија.

Унгарија е на четврто место според производството на батерии, а компании од Кина и Јужна Кореја веќе отворија свои фабрики во земјата.