Според првичните податоци, деловната активност на еврозоната се опорави во јули, откако строгите мерки кои беа воведени заради коронавирусот беа олеснети и повеќе луѓе се вратија на работа.
Во јуни, регионот веќе покажа знаци на закрепнување, бидејќи Индексот на менаџери за набавки ( PMI) достигна 47,5 – што е зголемување во однос на 31,9 во мај.
Резултатот под 50 означува економски пад, а резултат под 50 укажува на раст.
Јулскиот индекс го надмина тој праг, достигнувајќи 54,8, што укажува дека економската активност за прв пат се зголеми од февруари годинава.
” Фирмите ширум еврозоната објавија охрабрувачки почеток на третиот квартал, а производството во јули растеше најбрзо за повеќе од две години. Побарувачката, исто така, покажа знаци на закрепнување, помагајќи во спречување на стапката на загуба на работни места”, изјави Крис Вилијамсон, главен економист во IHS Markit, кој ги обезбедува овие податоци.
Фирмите во Франција го предводеа закрепнувањето во регионот на 19 члената еврозона, при што производството и услугите бележат најдобар раст во последните две и пол години.
Сепак, сè уште има загриженост за закрепнувањето во еврозоната.
Многу земји од еврозоната повторни ги отворија своите економии, но постојат мерки за социјално оддалечување и многу фирми работат со намален капацитет за да избегне поголем обем на зарази.
Како резултат на тоа, постои загриженост дека стапката на невработеност ќе се зголеми во наредните месеци, бидејќи компаниите се борат да работат на ниво на пред-пандемијата.