Острото забавување на кинеската економија предизвикано од нејзините строги нулта ковид правила и оддалечувањето на Пекинг од традиционалното потпирање на надворешната побарувачка потвораат сомнеж за тоа колку Кина ќе придонесе за идната глобална трговија и инвестиции.
Додека Кина имаше неверојатно брзо закрепнување од првичниот пад на економијата за време на пандемијата, благодарение на зголемениот извоз и фабричкото производство, аналитичарите очекуваат дека тековниот пад ќе биде потешко да се надомести.
Според податоците од Пекинг објавени во понеделникот, кинеското индустриско производство падна за речиси 3% во април. Продажбата на мало е погодена уште потешко, паѓајќи за 11% во споредба со април 2021 година.
Влошените прогнози создаваат приблеми не само за лидерите во Пекинг загрижени за зголемената невработеност, туку и за странските бизниси кои сметаат на Кина да ја продолжи економсата активност што ја имаше со остатокот од светот пред пандемијата.
Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека очекуваниот просечен годишен придонес на Кина во глобалниот економски раст до 2027 година ќе изнесува околу 29%. Во годините по глобалната финансиска криза во 2008 година учеството на Кина изнесуваше околу 40%.
Ова намалување на придонесот на Кина кон растот на глобалната економија се должи и на промените во економската политика на Пекинг која фокусот за раст го префрли на домашниот пазар и реформи, наместо на продолжување на минатиот модел кој се фокусира на поголема економска соработка со светот.
Строгите карантини кои Кина ги воведе за да го спречи ширењето на корона вирусот, предизвикуваат блокирање на милионски градови и сериозни проблеми во работењето на странските компании. Американската стопанска комора во Кина предупреди дека строгите ограничувања заради Ковид 19 ќе ги попречат странските инвестиции во земјата во наредните години.
Истражувањето на Германските индустриски и трговски комори (ДИХК) минатата недела покажа дека 47% од германските компании во Кина критички ги преиспитуваат своите активности на кинескиот пазар и една од осум компании дури размислуваат да ја напушти земјата.
Извор: Reuters