5.8 C
Skopje
среда, февруари 18, 2026

Пад на индустриското производство од 3,7% во ноември

Македонското индустриско производство во ноември бележи пад од 3,7%, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е трет месец по ред како индустриското производство во Македонија се намалува, што само ги одразува тешката ситуација во која се наоѓа индустријата.
Поскапувањето на струјата и гасот, но и на останатите суровини драстично го поскапија производството, па многу компании одлучија свесно да го намалат или стопираат производството за да трупаа загуби.

Статистичките податоци покажуваат дека падот на производството во преработувачката индустрија, каде се создава над 81% од целото индустриско производство, е уште поголем и изнесува 5,6% во споредба со ноември минатата година.
Во секторот рударство и камен има пад на индустриското производство во ноември од 4,7%, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа има зголемување од 15,6%.

Производството на прехранбени производи (кое има најголемо учество во создавањето на индустриското производство од релиси 11%) во ноември годинава бележи пад од 10,7%.

Најголемо намалување на производството има кај тутунските производи од дури 84%, производството на метали од 45,9%, производството на кожа и кожни производи од 26,8%, производството на хемиски производи од 24,4%.

Најголем раст, пак, на производството во ноември се бележи кај преработките од дрво за 65,1%, кај производството на машини и уреди од 51,2% и кај фармацевтските производи од 46,3%.

За периодот јануари-ноември годинава, индустриското производство бележи пад од 0,1%.

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Ве молам внесете го Вашето име тука:

- Advertisment -

НАЈЧИТАНИ

Македонија и САД ќе договараат нов договор за реципрочна, фер и...

Со Договорот ќе се утврди кои македонски производи ќе имаат пристап до американскиот пазар со помали ацрински стапки од основната стапка од 15%, а...
error: Content is protected !!