Малите и средни претпријатија (МСП) се столбот на економијата за секоја земја ширум светот. Нивната важност се темели на тоа што тие создаваат работни места, поттикнуваат иновации и придонесуваат за економски раст. Кај сите брзорастечки економии во светот учеството на малите и средни претпријатија во бруто-домашниот производ и вкупната вработеност е круцијално. Малите и средните претпријатија во развиените земји учествуваат со повеќе од 50% во вкупната вработеност и бруто-домашниот производ. Развојот на малите и средни претпријатија значи зајакнување на конкурентноста и претприемништвото, што пак директно влијае на подобрувањето на ефикасноста, продуктивноста и степенот на иновации во економијата на една земја.
Како витален дел од економијата потребно е, пред сé, малите и средни бизниси да бидат поддржувани од банките. Секторот на микро, мали и средни претпријатија се столбот на македонската економија. Истовремено, домашните МСП се најголеми работодавци, со 80% од сите вработувања во приватниот сектор, со што се истакнува нивната клучна улога во поттикнувањето на економскиот раст и развој.
Од друга страна пак, поддршката на МСП може да им помогне да банките да ги диверзифицираат своите кредитни портфолија, а со тоа и да ја намалат својата изложеност на ризик. Накратко срочено – поддршката кон малите и средни претпријатија е вин-вин ситуација и за банките и за економијата во целост.
Како банките ги поддржуваат малите и средни претпијатија?
Целта на поддршката која банките ја нудат за МСП е да им овозможат соодветен сет од решенија и професионална поддршка, со што овие субјекти би добиле еднакви можности да усвојуваат иновативни начини за подобрување, растење и развивање на нивните бизниси. Имајќи ја предвид важноста на МСП за развојот на сéвкупната економија, како и специфичните потреби на овие претпријатија за капитал, банките имаат развиено посебни механизми за заеми, кредитни линии и други финансиски услуги.
Како ПроКредит банка ги поддржува домашните МСП?
Како развојно ориентирана банка, главниот фокус на ПроКредит е на малите и средни бизниси, претпријатија кои ја движат економијата напред. Во период од 20 години, ПроКредит поддржа 4.000 македонски компании, поткрепувајќи го бизнис секторот со 60.000 кредити со вкупен волумен од ЕУР 2,2 милијарди со што придонесе кон креирање на нови вработувања. Дури 90% од кредитното портфолио на банката се токму инвестиции за поддршка на мали и средни претпријатија.
Како поддршка на таквите претпријатија, банката нуди кредитни линии прилагодени кон потребите на своите клиенти. Имено, ПроКредит има јасно дефинирана политика за финансирање, цврсто посветена на поттикнување на бизниси кои активно придонесуваат во областа на одржливиот развој. Во таа насока, преку организација на работилници, ПроКредит посветено инвестира и во едукација на клиентите за предностите од инвестиции во обновливи извори на енергија, дополнително нудејќи атрактивни грантови со поддршка на Европската банка за обнова и развој.
Како пионер во дигитализацијата, ПроКредит беше првата банка во нашата земја која воведе безшалтерско работење, со што помогна во процесот на дигитализација на целиот бизнис сектор. ПроКредит банка е позитивен пример во нашето општество, кога станува збор за поттикнување позитивен раст и обезбедување просперитетна иднина за сите засегнати страни.
Со поддржување и промовирање на мали и средни бизниси, ПроКредит Банка и понатаму продолжува да дава свој придонес кон економската интеграција и балансираниот економски развој на земјата преку обезбедување модели на финансиска поддршка соодветна за тековните трендови и потребите на бизнисите. Со тоа малите и средните претпријатија можат да се фокусираат на инвестиции и долгорочни планови, што е многу значајно, бидејќи таквите вложувања придонесуваат кон развојот и создавањето на работни места во Македонија, а така се создава вистински напредок.