Руската влада усвои уредба според која од 1 јуни привремено ќе се применуваат тарифните квоти за извоз на метален отпад и отпад од црни метали. Квотите ќе важат до 31 јули и тоа само за извоз надвор од Евроазиската економска унија.
При извоз на метал до 540.000 тони ќе се наплаќа царина од 100 евра за тон, а за секој тон повеќе уште 290 евра, пишува Комерсант.

Владата соопшти дека утврдениот обем на тарифната квота до 540.000 тони се разликува по региони, имајќи ги предвид нивните индустриски специфики.

Уредбата е донесена со цел да се спречи растот на цените на домашниот пазар и да се задоволат потребите за суровини на домашните металуршки компании.
Минатата година Русија воведе привремени извозни давачки за црните и обоените метали, поради глобалниот раст на нивните цени.

Споменатите царини важеа до крајот на 2021 година, а руската влада најави дека нема намера повторно да ги воведува.
Владата на почетокот на мај одобри процедура за издавање дозволи за извоз на сурово олово, како и негов отпад, која ќе важи до 15 ноември.